Menu

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Јавна расправа за предложена измена на одобрение за користење на радиофреквенции во копнена мобилна служба

Врз основа на Член 146 став (4) од Законот за електронски комуникации („Сл. Весник на РМ“, бр. 39/14, 188/14, 44/15 и 193/15), поради тоа што барањето на операторот предизвикува значителна измена на одобрението за користење на радиофреквенции во копнена мобилна служба, Агенцијата за електронски комуникации објавува
Јавна расправа за предложена измена на одобрение за користење на радиофреквенции во копнена мобилна служба
 
Операторот оне.Вип ДОО Скопје согласно став (5) член 146 од Законот за електронски комуникации („Сл. Весник на РМ“, бр. 39/14, 188/14, 44/15 и 193/15) до Агенцијата за електронски комуникации на ден 26.05.2017 година достави барање за измена на одобрението за користење на радиофреквенции во копнена мобилна служба број 108267/2.
Со одобрението 108267/2 на операторот оне.Вип ДОО Скопје е доделен радиофреквенцискиот опсег 1770-1785/1865-1880 MHz.
Операторот оне.Вип ДОО Скопје предлага да се изврши измена на одобрението на начин што опсегот 1770-1785/1865-1880 MHz да се замени со опсезите 1710-1720/1805-1815 MHz и 1770-1775/1865-1870 MHz.
Се повикуваат сите заинтересирани страни да ги достават своите мислења и забелешки по однос на јавната расправа најдоцна до 11.08.2017 година на следната адреса:
Агенција за електронски комуникации
Кеј Димитар Влахов бр.21
1000 Скопје
или по електронски пат на следниве адреси:  
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Дополнителни информации

    Почеток на јавна расправа: Четврток, 06 Јули 2017 Крај на јавна расправа: Петок, 11 Август 2017 Адреса за достава на коментари и мислења: Агенција за електронски комуникации Кеј Димитар Влахов бр. 21 1000 Скопје или во електронски облик на следниве адреси за електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
Република Македонија

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на