Menu

АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Administrator

Соопштение

Почитувани,

По сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации објавен во Службен весник број 153/2019 од 26.07.2019 година, односно врз основа на член 1 од истиот, Ве информираме дека јавната расправа по делот од финансискиот годишен план кој се однесува на конто „430-пренесени средства на други субјекти“, СЕ ПРЕКИНУВА, и во тој дел измената на годишната програма и финансискиот годишен план се смета дека СЕ УСВОЕНИ.
Прочитајте повеќе:

Привремен прекин на услугата Преносливост на мобилни и и фиксни телефонски броеви

Почитувани,
Ве известуваме дека поради миграција на Централниот систем за преносливост на броеви, системот и услугата за пренос на мобилни и фиксни телефонски броеви нема да бидат достапни во периодот од 16:00 часот на 01.08.2019 година до 08:00 часот на 06.08.2019 година. Во овој период граѓаните ќе можат да ги поднесувате барања за пренос на телефонски броеви кај операторите, но операторите ќе можат да ги достават за пренос преку Централниот систем после 08:00 часот на 06.08.2019 година.
Се извинуваме за прекинот и Ви благодариме за разбирањето.

Со почит,

Агенција за електронски комуникации

Прочитајте повеќе:

Одлука за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи во регионот на Западен Балкан

Во согласност со Член 10 став (4) од Законот за електронски комуникации Агенцијата ја објавува финалната Одлука за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи во регионот на Западен Балкан. Во согласност со Член 13 од Законот за електронски комуникации нацрт верзијата на Одлуката беше објавена на веб страната на АЕК на 23 Мај со цел сите заинтересирани страни да достават коментари и мислења по предлог Одлуката. Во предвидениот рок беа добеиени коментари од Македонски Телеком АД Скопје и оне.Вип ДООЕЛ Скопје. Во прилог ги објавуваме доставените коментари како и ставот на Агенцијата по истите.
Прочитајте повеќе:
Subscribe to this RSS feed

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21
1000 Скопје

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на