Menu

АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Брзина на интернет

Агенцијата за Електронски Комуникации обезбедува две алатки со кои корисниците на услугите за  интернет пристап можат самостојно да ја измерат брзината на услугата. Добиените резултати се информативни, но, ако измерените вредности при повеќекратно мерење со постапка спроведена според овие упатства значително отстапуваат од брзината која ја понудил операторот и за која е склучен договор, резултатите можат да бидат употребени и како дополнување на приговорот на корисникот кон операторот за неисполнување на договорните услови и необезбедување на услуга со соодветен, очекуван квалитет.

Критериумите за квалитет дефинирани во Правилникот за контрола и мерење параметри за квалитет на услуга за интернет пристап преку јавни фиксни електронски комуникациски мрежи се:

1.       Брзината на пристап и за симнување и за праќање, треба да е поголема од 50% од договорената брзина во најмалку 95% од времето.
2.       Брзината на пристап и за симнување и за праќање, треба да е поголема од 75% од договорената брзина во најмалку 50% од времето.
3.       Брзината на пристап и за симнување и за праќање, треба да е поголема од 90% од договорената брзина во најмалку 20% од времето.
4.       Просечното време на доцнење не треба да е поголемо од 100мс
5.       Просечната варијација на доцнење не треба да е поголема од 20мс
6.       Загубата на пакети во 90% од времето треба да е помала од 1% 
 
За да биде услугата квалитетна, потребно е да бидат исполнети СИТЕ критериуми.
Доколку сметате дека услугата која ја добивате не ги исполнува наведените критериуми, можета да поднесете приговор до операторот и притоа да ги приложите резултатите кои сте ги добиле од мерењата со алатките од АЕК. Двете алатки за мерење на параметрите на интернет се две апликации, кои се слични меѓу себе, и тоа:
  1. веб-сервис на адресата speedtest.aek.mk, за информативно мерење (Упатство) и
  2. самостојна десктоп апликација, за попрецизно мерење (Упатство).
Прочитајте повеќе:

Правилник за изменување и дополнување на правилникот за утврдување на формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви, податоците што се приложуваат кон барањето како и начинот и постапката за доделување на броеви

Дополнителни информации

  • Датум на донесување на актот Петок, 04 Ноември 2016
  • Службен весник 205/2016
  • Важечки пропис Да
Прочитајте повеќе:

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на изградба на јавните електронски комуникациски мрежи и придружни средства

Дополнителни информации

  • Датум на донесување на актот Среда, 17 Август 2016
  • Службен весник 170/2016
  • Важечки пропис Да
Прочитајте повеќе:

Правилник за утврдување на формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви, податоците што се приложуваат кон барањето како и начинот и постапката за додлеување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација

Дополнителни информации

  • Датум на донесување на актот Понеделник, 15 Декември 2014
  • Службен весник 190/2014
  • Важечки пропис Да
Прочитајте повеќе:

Правилник за обезбедување на услугите опфатени со универзална услуга

Правилник за обезбедување на услугите опфатени со универзална услуга и Коментари и одговор на коментарите по јавната расправа

Дополнителни информации

  • Датум на донесување на актот Петок, 12 Декември 2014
  • Важечки пропис Да
Прочитајте повеќе:
Subscribe to this RSS feed

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21
1000 Скопје

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на