Menu

АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Покана за јавна расправа- Нацрт Извештај за моделот за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за електронски комуникации во РМ

Почитувани,
Со оваа покана ги повикуваме сите заинтересирани страни да во рок од 30 дена од денот на објавување на Нацрт Извештајот за моделот за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за  електронски комуникации во РМ ги достават своите гледишта и ставови по предложениот предмет на јавна расправа.
Имено, на состанокот одржан на ден 26.10.2011 година Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги информираше заинтересираните страни дека отпочнува со процесот на развој и имплементација на методологија за регулирање на малопродажни цени за оператор со значителна пазарна моќ на релевантни пазари бр. 1 и 2 дефинирани во Одлуката за утврдување на релевантни пазари подложни на претходна регулација. Методологијата се развиваше во соработка со Аналусис Мејсон- Италија врз основа на договор за консултантски услуги, склучен врз основа на постапка за јавна набавка. "Price squeeze" моделот за тестирање на поединечни и пакетирани услуги е во согласност со Упатството за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за  електронските комуникациски услуги во РМ, усвоено од Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации.
Во процесот на развојот на моделот се укажа потреба од податоци. Истите од страна на Агенцијата беа побарани од сите оператори кои делуваат на релевантните пазари 1 и 2 и следствено беа доставени во предвидените рокови за доставување на податоците, наведени во барањата.

Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена до 21.05.2012 на следната адреса:

Дополнителни информации

  • Почеток на јавна расправа Среда, 18 Април 2012
  • Крај на јавна расправа Понеделник, 21 Мај 2012
  • Адреса за достава на коментари и мислења Агенција за електронски комуникации
    ул. Димитрие Чуповски бр. 13
    1000 Скопје

    или на следниве емаил адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Прочитајте повеќе:

Објавени коментари и став на АЕК по објавениот документ„Нацрт Извештај за методологија за тестови за цени за истиснување на конкуренција“

Aгенцијата за електронски комуникации ги објавува доставените коментари од заинтересираните страни и ставот на Агенцијата по објавениот документ„Нацрт Извештај за методологија за тестови за цени за истиснување на конкуренција“објавен на веб страната на АЕК на ден 18.04.2012 година.  Дополнително, АЕК ја објавува презентацијата од јавниот состанок кој се одржа на ден 06.06.2012 година.

Прочитајте повеќе:

Јавен состанок по „ Нацрт Извештај за моделот за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за електронски комуникации во РМ “

Aгенцијата за електронски комуникации ги поканува претставниците на сите заинтересирани страни да ги презентираат своите гледишта и ставови по „ Нацрт Извештај за моделот за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за електронски комуникации во РМ “, објавени на веб страната на АЕК на ден 18.04.2012 година.  Состанокот ќе се одржи на ден 06.06.2012 година (среда) со почеток во 10 часот во АЕК, Зајчев рид, Скопје.

Дополнителни информации

  • Тема на состанок Нацрт Извештај за моделот за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за електронски комуникации во РМ
  • Датум на одржување Среда, 06 Јуни 2012
  • Почеток во 10:00
  • Локација на состанокот Агенција за електронски комуникации, КМЦ Зајчев рид, Скопје
Прочитајте повеќе:
Subscribe to this RSS feed

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21
1000 Скопје

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на