Menu

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Правилник за нивото на деталност на информациите што ќе бидат објавени во референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка и начинот на нивното објавување

Дополнителни информации

  • Датум на донесување на актот Петок, 26 Декември 2014
  • Службен весник 27/2015
  • Важечки пропис Да
Прочитајте повеќе:

Анализа на релевантниот големопродажен пазар 12

Агенцијата за електронски комуникации согласно Годишната програма за работа за 2014 година отпочна со анализа на релевантниот големопродажен пазар 12 дефиниран согласно Одлуката за утврдување на релевантните пазари што се подложни на претходна регулација број 02-5015/1 од 23.09.2010 година и Одлуката за дополнување на Одлуката од 3 Март 2011 годинa и тоа:
Пазар 12 -    Услуги за завршување на повик во јавна мобилна комуникациска мрежа
Прочитајте повеќе:

АЕК започна со спроведување на втора анализа на големопродажните пазари за Физички пристап до мрежна инфраструктура и Пристап до услуги со широк опсег

Ве известуваме дека Агенцијата за електронски комуникации започна со спроведување на  втора анализа на големопродажните пазари:
1.  Пазар 7- Физички пристап до мрежна инфраструктура ( целосен или поделен разврзан пристап) на фиксна локација и
2.  Пазар 8 – Пристап до услуги со широк опсег (broadband)
Оваа активност Агенцијата ја спроведува согласно член 42 од ЗЕК – преиспитување на утврден релевантен пазар каде стои „Агенцијата во определени временски периоди во соработка со органот надлежен за заштита на конкуренцијата, е должна да го преиспита постоењето на ефективна конкуренција на одреден релевантен пазар“.
Првата анализа на овие пазари беше спроведена врз информациите и податоците кои располагаше АЕК како и тие доставени од операторите и давателите на услуги врз основа на доставените прашалници, за периодот 2007,2008 и 2009 година.
Пазарите за електронски комуникациски услуги се одликуваат со постојан развој. Затоа неопходно е во определени временски рамки истите да бидат предмет на анализа спроведена од регулаторот со цел да се утврди степенот на развој на конкуренцијата и утврдување на состојбата на пазарите. Континуираното спроведување на анализи на пазарите се врши со цел да се утврди состојбата и степенот на развој на конкуренција како и да се утврди дали развојот се движи во правец на ефикасна конкуренција или постојат одредени бариери.
Прочитајте повеќе:

Покана за јавна расправа- Нацрт Извештај за моделот за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за електронски комуникации во РМ

Почитувани,
Со оваа покана ги повикуваме сите заинтересирани страни да во рок од 30 дена од денот на објавување на Нацрт Извештајот за моделот за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за  електронски комуникации во РМ ги достават своите гледишта и ставови по предложениот предмет на јавна расправа.
Имено, на состанокот одржан на ден 26.10.2011 година Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги информираше заинтересираните страни дека отпочнува со процесот на развој и имплементација на методологија за регулирање на малопродажни цени за оператор со значителна пазарна моќ на релевантни пазари бр. 1 и 2 дефинирани во Одлуката за утврдување на релевантни пазари подложни на претходна регулација. Методологијата се развиваше во соработка со Аналусис Мејсон- Италија врз основа на договор за консултантски услуги, склучен врз основа на постапка за јавна набавка. "Price squeeze" моделот за тестирање на поединечни и пакетирани услуги е во согласност со Упатството за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за  електронските комуникациски услуги во РМ, усвоено од Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации.
Во процесот на развојот на моделот се укажа потреба од податоци. Истите од страна на Агенцијата беа побарани од сите оператори кои делуваат на релевантните пазари 1 и 2 и следствено беа доставени во предвидените рокови за доставување на податоците, наведени во барањата.

Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена до 21.05.2012 на следната адреса:

Дополнителни информации

  • Почеток на јавна расправа Среда, 18 Април 2012
  • Крај на јавна расправа Понеделник, 21 Мај 2012
  • Адреса за достава на коментари и мислења Агенција за електронски комуникации
    ул. Димитрие Чуповски бр. 13
    1000 Скопје

    или на следниве емаил адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Прочитајте повеќе:
Subscribe to this RSS feed

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
Република Македонија

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на