Menu

АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Упатство за начинот на контрола на малопродажните цени на оператор со значителна пазарна моќ

Почитувани,

Агенцијата го објавува Финалниот документ на Упатството за начинот на контрола на малопродажните цени на оператор со значителна пазарна моќ.

Со почит,
АЕК

Дополнителни информации

  • Датум на донесување на актот Четврток, 13 Ноември 2014
  • Важечки пропис Да
Прочитајте повеќе:

Покана за јавна расправа- Нацрт Извештај за моделот за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за електронски комуникации во РМ

Почитувани,
Со оваа покана ги повикуваме сите заинтересирани страни да во рок од 30 дена од денот на објавување на Нацрт Извештајот за моделот за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за  електронски комуникации во РМ ги достават своите гледишта и ставови по предложениот предмет на јавна расправа.
Имено, на состанокот одржан на ден 26.10.2011 година Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги информираше заинтересираните страни дека отпочнува со процесот на развој и имплементација на методологија за регулирање на малопродажни цени за оператор со значителна пазарна моќ на релевантни пазари бр. 1 и 2 дефинирани во Одлуката за утврдување на релевантни пазари подложни на претходна регулација. Методологијата се развиваше во соработка со Аналусис Мејсон- Италија врз основа на договор за консултантски услуги, склучен врз основа на постапка за јавна набавка. "Price squeeze" моделот за тестирање на поединечни и пакетирани услуги е во согласност со Упатството за определување на цени кои се користат за истиснување на конкуренцијата од пазарот за  електронските комуникациски услуги во РМ, усвоено од Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации.
Во процесот на развојот на моделот се укажа потреба од податоци. Истите од страна на Агенцијата беа побарани од сите оператори кои делуваат на релевантните пазари 1 и 2 и следствено беа доставени во предвидените рокови за доставување на податоците, наведени во барањата.

Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена до 21.05.2012 на следната адреса:

Дополнителни информации

  • Почеток на јавна расправа Среда, 18 Април 2012
  • Крај на јавна расправа Понеделник, 21 Мај 2012
  • Адреса за достава на коментари и мислења Агенција за електронски комуникации
    ул. Димитрие Чуповски бр. 13
    1000 Скопје

    или на следниве емаил адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Прочитајте повеќе:

Јавна расправа по Нацрт извештај за пресметување на цени базирани на трошоци за минимален пакет на изнајмени линии базирани на LRIC методологија

Почитувани,

Со оваа покана ги повикуваме сите заинтересирани страни да во рок од 30 дена од денот на објавување на „Нацрт извештај за пресметување на цени базирани на трошоци за минимален пакет на изнајмени линии базирани на LRIC методологија“ да ги достават своите гледишта и ставови по предложениот предмет на јавната расправа. Имено, на состанокот одржан на ден 26.10.2011 година Агенцијата за електронски комуникации ги информираше заинтересираните страни дека отпочнува со процесот на развој и имплементација на методологија за регулирање на цените на релевантниот пазар- минимален пакет на изнајмени линии. Развојот на моделот се одвиваше во соработка со Анализис Мејсон- Италија врз основа на договор за консултантски услуги.

Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки во јавната расправа што ќе биде отворена до 26.08.2012 на следната адреса:

Агенција за електронски комуникации
ул. Димитрие Чуповски бр. 13
1000 Скопје

или на следниве емаил адреси:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Дополнителни информации

  • Почеток на јавна расправа Среда, 26 Октомври 2011
  • Крај на јавна расправа Недела, 25 Септември 2011
  • Адреса за достава на коментари и мислења Агенција за електронски комуникации Кеј Димитар Влахов бр. 21 1000 Скопје или во електронски облик на следниве адреси за електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Прочитајте повеќе:

Финален Извештај за пресметување на цени базирани на трошоци за минимален пакет на изнајмени линии базирани на LRIC методологија со вклучени мислења од заинтересираните страни

Ве информираме дека Агенцијата за електронски комуникации го објавува Финалниот Извештај за пресметување на цени базирани на трошоци за минимален пакет на изнајмени линии базирани на LRIC методологија со вклучени мислења од заинтересираните страни.

Дополнителни информации

  • Датум на донесување на актот Четврток, 25 Октомври 2012
  • Важечки пропис Да
Прочитајте повеќе:

Правилник и Исправка на правилник за начинот и постапката за регулирање на малопродажните цени на оператор со значителна пазарна моќ

Aгенцијата за електронски комуникации го објавува Правилникот за начинот и постапката за регулирање на малопродажните цени на оператор со значителна пазарна моќ, донесен од Агенцијата за електронски комуникации, објавен во„Службен весник на РМ“ бр. 77 од 20 јуни 2012 година и Прилог 1 кон Правилникот за начинот и постапката за регулирање на малопродажните цени на оператор со значителна пазарна моќ, објавен во„Службен весник на РМ“ бр. 87 од 10 јули 2012 година. Истите влегуваат во сила со денот на објавувањето на исправката во „Службен весник на РМ“.

Дополнителни информации

  • Датум на донесување на актот Вторник, 10 Јули 2012
  • Службен весник 77-12 87-12
  • Важечки пропис Да
Прочитајте повеќе:

Објавени коментари и став на АЕК по објавениот документ„Нацрт Извештај за методологија за тестови за цени за истиснување на конкуренција“

Aгенцијата за електронски комуникации ги објавува доставените коментари од заинтересираните страни и ставот на Агенцијата по објавениот документ„Нацрт Извештај за методологија за тестови за цени за истиснување на конкуренција“објавен на веб страната на АЕК на ден 18.04.2012 година.  Дополнително, АЕК ја објавува презентацијата од јавниот состанок кој се одржа на ден 06.06.2012 година.

Прочитајте повеќе:
Subscribe to this RSS feed

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21
1000 Скопје

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на