Menu

АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

АЕК зеде учество во Националната еколошка акција " Македонија земја на цвеќето, Македонија земја на розите".

Аек зеде учество во Националната еколошка акција " Македонија земја на цвеќето, Македонија земја на розите". Во соработка со општините, бизнис заедницата и невладиниот сектор на 21 Март, масовно се засадуваа садници на рози низ урбаните центри на територијата на цела Македонија, по должината на булеварите, сообраќајниците и другите јавни зелени површини.Оваа иницијатива се темели на резултатите на студија спроведена од група професори во 2002 година, со наслов Присуство на олово и други тешки метали во животната средина во градот Скопје, со кои се утврдило дека во цветот на розата се апсорбираат големи количества на тешки метали како олово и цинк од водата, воздухот и почвите, а се штетни по човековото здравје. Климата во Македонија е погодна за одгледување на ова цвеќе, па оттука Министерството ја постави целта да се засади што е можно повеќе рози во урбаните центри, кои би имале покрај декоративна и еколошка димензија.За таа цел, дел од тимот на Агенцијата за електронски комуникации, кај зградата на КМЦ Зајчев Рид ја поддржаа оваа иницијатива и зедоа учество во оваа акција, одбележувајќи го Денот на пролетта со садење на рози и зеленило.
Прочитајте повеќе:

Состанок по јавна расправа за „План за доделување и користење на радиофреквенции во Република Какедонија“

Aгенцијата за електронски комуникации ги поканува претставниците на сите заинтересирани страни да ги презентираат своите гледишта и ставови по „ План за доделување и користење на радиофреквенции во Република Македонија“, објавен на веб страната на АЕК на ден 25.05.2012 година.  Состанокот ќе се одржи на ден 28.06.2012 година (четврток) со почеток во 10:00 часот во АЕК, Зајчев рид, Скопје.

Дополнителни информации

  • Тема на состанок План за доделување и користење на радиофреквенции во Република Какедонија
  • Датум на одржување Четврток, 28 Јуни 2012
  • Почеток во 10:00
  • Локација на состанокот Агенција за електронски комуникации, Контролно мерен центар, Зајчев рид, Скопје
Прочитајте повеќе:
Subscribe to this RSS feed

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21
1000 Скопје

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на