Menu

АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Состаноци (72)

Јавен состанок по Предлог - Правилник за содржината и формата на нотификацијата, потребната документација и потврдата за регистрација

Агенцијата за електронски комуникации, согласно член 13 став (4) од Законот за електронски комуникации ( Сл. Весник бр. 39/2014), ќе одржи јавен состанок  по „ПРЕДЛОГ-ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И ФОРМАТА НА НОТИФИКАЦИЈАТА, ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ПОТВРДАТА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА “.

Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да присуствуваат на состанокот кој ќе се одржи на 21.07.2014 год. во салата за состаноци на 6 спрат во просториите на АЕК со почеток во 11.30 часот

Агенција за електронски комуникации
Кеј Димитар Влахов бр.21
1000 Скопје
Прочитајте повеќе:

Состанок по јавна расправа за Нацрт документ за прва анализа на пазар 13-Пренос на радиодифузни содржини до крајни корисници

Почитувани, Aгенцијата за електронски комуникации ги поканува претставниците на сите заинтересирани страни да ги презентираат своите гледишта и ставови по „Нацрт документ за прва анализа на пазар 13-Пренос на радиодифузни содржини до крајни корисници“ објавенo на веб страната на АЕК на состанок кој ќе се одржи на ден 02.04.2014 година (среда) со почеток во 13 часот во просториите на АЕК, сала 1
Прочитајте повеќе:

Состанок по јавна расправа за нацрт текстот за Правилник за пресметување на год. надоместок за користење на доделени броеви и серии на броеви

  • Објавено во Состаноци

АЕК ги поканува сите заинтересирани страни на состанок по јавна расправа за нацрт текстот за Правилник за пресметување на годишниот надоместок за користење на доделени броеви и серии на броеви на 31/01/2014 (петок) во 09:30 во Сала 1 во АЕК.

Прочитајте повеќе:

Јавен состанок за Правилникот за техничките, употребните и другите услови за одредени типови на електронски комуникациски мрежи и електронска комуникациска инфраструктура, придружни инфраструктурни капацитети и средства

  • Објавено во Состаноци

Почитувани, Агенцијата за електронски комуникации ве поканува на состанок на 24/12/2013 (вторник) со почеток во 13:00 во сала за состаноци на 6 кат. Тема е Правилникот за техничките, употребните и другите услови за одредени типови на електронски комуникациски мрежи и електронска комуникациска инфраструктура, придружни инфраструктурни капацитети и средства.

Прочитајте повеќе:

Состанок на тема: Правилник за техничките, употребните и другите услови за одредени типови на електронски комуникациски мрежи и електронска комуникациска инфраструктура, придружни инфраструктурни капацитети и средства.

  • Објавено во Состаноци
AEK ве поканува на состанок на 29/11/2013 (петок) со почеток во 13:00 во сала за состаноци на 6 кат. Тема е Правилникот за техничките, употребните и другите услови за одредени типови на електронски комуникациски мрежи и електронска комуникациска инфраструктура, придружни инфраструктурни капацитети и средства.
Прочитајте повеќе:

Состанок по Јавна расправа за завршување на смс порака во мобилни комуникациски мрежи

 
Почитувани,
 
Ве повикуваме на состанок по јавната расправа за завршување на смс порака во мобилни комуникациски мрежи, на ден 07.11.2013 год во 14.00 часот во просториите на новата зграда на Агенцијата за електронски комуникации сала за состаноци на 4 кат – Сектор за анализа на пазарите.
Прочитајте повеќе:

Состанок по Јавна расправа по нацрт текстовите за План за нумерација, Правилник за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација и Правилник за изменување и дополнување на правилникот за преносливост на броеви

АЕК ги поканува сите заинтересирани страни на состанок по јавна расправа по нацрт текстовите за: План за нумерација, Правилник за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација и Правилник за изменување и дополнување на правилникот за преносливост на броеви на 14/11/2013 (четврток) во 09:00 во КМЦ-Скопје.

Прочитајте повеќе:

Состанок по јавна расправа за анализа на пазари 4, 5 и 6

Aгенцијата за електронски комуникации ги поканува претставниците на сите заинтересирани страни да ги презентираат своите гледишта и ставови по:

Анализа на пазар 4 - Услуга за започнување на повик во јавна телефонска мрежа на фиксна локација,

Анализа на пазар 5 - Услуга за завршување на повик во јавна телефонска мрежа на фиксна локација и

Анализа на пазар 6 - Услуга за транзитирање на повик во јавна фиксна телефонска мрежа

објавени на веб страната на АЕК на следниот линк,  на состанок кој ќе се одржи на ден 04.07.2013 година (четврток) со почеток во 10 часот во просториите на Зајчев рид.

Прочитајте повеќе:

Јавен состанок по Упатство за обезбедување на информации и финансиски податоци за статистички цели и анализа на пазар и обрасци за квартални извештаи

Aгенцијата за електронски комуникации ги поканува претставниците на сите заинтересирани страни да ги презентираат своите гледишта и ставови по предлог:

  • УПАТСТВО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ И ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ ЗА СТАТИСТИЧКИ ЦЕЛИ И АНАЛИЗА НА ПАЗАР И НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ
  • ОБРАСЦИ НА КВАРТАЛНИ ИЗВЕШТАИ• - КВАРТАЛЕН /ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАЗВОЈОТ НА ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ КОМУНИКАЦИИ ЗА 20ХХ ГОД

објавени на веб страната на АЕК на ден 08.05.2013 година.Состанокот ќе се одржи на ден 04.07.2013 година (Четврток) со почеток во 11:30 часот во АЕК, Зајчев рид, Скопје.

Прочитајте повеќе:

СОСТАНОК ПО ЈАВНА РАСПРАВА ЗА „ПРЕДЛОГ-ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ПРЕСМЕТКА НА ГОДИШНИОТ НАДОМЕСТОК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА РАДИОФРЕКВЕНЦИИ“

Aгенцијата за електронски комуникации ги поканува претставниците на сите заинтересирани страни да ги презентираат своите гледишта и ставови по „ Предлог-Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции“, објавен на веб страната на АЕК на ден 25.01.2013 година.  Состанокот ќе се одржи на ден 14.03.2013 година (четврток) со почеток во 11:00 часот во просториите на зградата на Стопанска комора, 3-ти спрат сала број 3, Скопје.

Прочитајте повеќе:
Subscribe to this RSS feed

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21
1000 Скопје

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на