Menu

АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Состанок по Јавна расправа за измени на Правилникот за видот и содржината на податоците кои операторите на јавни комуникациски мрежи и/или давателите на јавни комуникациски услуги се должни да ги објават во врска со општите услови

Aгенцијата за електронски комуникации ги поканува претставниците на сите заинтересирани страни да ги презентираат своите гледишта и ставови по Нацрт документите “Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за видот и содржината на податоците кои операторите на јавни комуникациски мрежи и/или давателите на јавни комуникациски услуги се должни да ги објават во врска со општите услови за пристап и користење, цените и тарифите и параметрите за квалитет на јавните комуникациски услуги “ и “Правилник за начинот и постапката за вршење на контрола и мерење на  параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги”, објавен на веб страната на АЕК,  на состанок кој ќе се одржи на ден 06.09.2012 година (четврток) со почеток во 09:30 часот во просториите на КМЦ Зајчев Рид, Скопје.

Дополнителни информации

    Тема на состанок: измени на Правилникот за видот и содржината на податоците кои операторите на јавни комуникациски мрежи и/или давателите на јавни комуникациски услуги се должни да ги објават во врска со општите услови Датум на одржување: Четврток, 06 Септември 2012 Почеток во: 09:30 Локација на состанокот: Агенција за електронски комуникации, во просториите на КМЦ Зајчев Рид, Скопје.

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21
1000 Скопје

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на