Menu

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Прва национална симулациска вежба за справување со компјутерски/ИКТ безбедносни инциденти на национално и меѓународно ниво

На 8 мај 2018 година, Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти во соработка со ОБСЕ мисијата во Скопје ја организираше Првата национална симулациска вежба за справување со компјутерски/ИКТ безбедносни инциденти на национално и меѓународно ниво. Настанот се одржа во хотел Арка, Скопје. За прв пат во Република Македонија учествуваа 45 учесници од 35 организации од владиниот, јавниот и приватниот сектор, како и оператори на критични инфраструктури во Република Македонија. Цел на настанот беше подобрување на соработката и координацијата на национално ниво во справување со компјутерски/ИКТ безбедносни инциденти. Настанот вклучи и симулациска вежба за напад на системи од критична инфраструктура и координација на одговорот при справување со инцидентот.

IMG 1868 2 768x512

20180408 768x512

Дополнителни информации

    Датум од: Вторник, 08 Мај 2018 Почеток во: 09:00 Датум до: Вторник, 08 Мај 2018 Завршува во: 17:00 Локација: Хотел Арка, Скопје, Република Македонија

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
Република Македонија

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на