Menu

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Конференција за предизвици во сајбер безбедноста

Konferencija za predizvici Sofija

Почитувани,
Денес на 26.03.2018 година, во Софија се одржува Конференција за предизвици во сајбербезбедноста. На Конференцијата активно учество ќе земе Директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), г-н Сашо Димитријоски. Покрај Директорот на АЕК, на Конференцијата ќе присуствуваат уште и г-а Марија Габриел - Комесар за дигитална економија и општество на Европската Комисија, г-а Деспина Спаноу - Директор за дигитално општество, доверба и сајбербезбедност на ДГ КОНЕКТ, г-н Удо Хелмбрехт - Извршен директор на Ениса и г-н Луиџи Ребуфи - Генерален секретар на Организацијата за Европска сајбер безбедност.
Целта на Конференцијата е да се укаже дека сите сектори во општеството: Владата, националните ЦИРТ тимови, бизнисот, јавноста имаат своја улога во спроведувањето на сајбербезбедноста и безбедноста на интернетот. Ќе се разговара и за меѓународните аспекти на сајбербезбедноста и за глобалните прашања на политиката за безбедност во интернетот, ќе се разгледа можноста за проблемот на големи напади (например на политичко ниво).

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
Република Македонија

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на